Како си денес, се одмори ли, те молам види со Мајка до каде се. Ваква порака беше прочитана денеска од телефонот на обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски која на 29 јануари 2019 била испратена од контакт што во неговиот именик бил запишан како Васе, што се поврзува со името на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.
Кодното име „Мајка“ што во својата комуникација го користеле Боки и Димишков се однесувало на сега обвинетата специјална обвинителка Катица Јанева.
Врз основа на пораките што ги прочита обвинителката Ивана Трајчевска очигледно дека вибер комуникацијата меѓу Боки и Васе била речиси секојдневна.
„Да се видиме, има нешто ново за кај мајка“, му пишува Васе на Боки во една од пораките.
„Извини дали може да ја потсетиме мајка, се уште не е пристигнато, а веќе при крај е работното време“, е друга порака меѓу адвокатот и Боки.
Тие меѓу себе разменувале и текстови објавени во медиуми, во кои се споменува и бизисменот Јордан Камчев, докумнети од СЈО за предметот „Империја“ и пораки во кои се договарале да се видат на кафе.