Боки 13: Судијке, може и да ме обесите

1858

Судот заклучува дека има услови да продолжи судењето, рече судијката во „Рекет“ откако обвинетиот Бојан Јовановски беше прегледан од лекар од Брзата помош.

Судијката Васка Николовска Масевска оваа одлука ја донесе и, како што рече, откако стасало мислење од Клиниката за гастроентерохепатологија дека дигестивен хирург треба да го прегледа Јовановски, а и врз основа на хитопастолошкиот наод каде што е наведено дека нема малигни и атипични промени во материјалот што бил доставен на испитување.

По ова Јовановски обвини дека извештајот од лекарите бил фалсификуван, на што судијката се закани дека ќе го отстрани од судницата ако и натаму го прекршува редот.

– Ако сакате, може и да ме обесите, судијке, и рече Јовановски на судијката, по што судењето продолжи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...