Албанија пред епидемија на грип, две лица досега починале

Додека во земјава циркулираат три вируси на грип, два од типот А и еден од типот Б, Бино посочува дека 60 отсто од случаите се заболени од вирусот АХ1Н1.

119
EPA

Албанија е пред прогласување епидемија на грип, додека поради компликации од грипот починале две лица, потврди Силва Бино, раководител на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје.

Според неа само во изминатата недела, околу 25.000 луѓе побарале лекарска помош заради проблеми со дишните патишта. Во меѓувреме, две лица починале поради компликации од грипот.

– Имавме два смртни случаи. Станува збор за лица на возраст над 60 години, хронични болни, а кои не биле вакцинирани. Ние сме со голем интензитет на грип, што секојдневно се следи. Има неколку земји во европскиот регион, како соседна Грција, каде има голем интензитет на грип – рече Бино.

Додека во земјава циркулираат три вируси на грип, два од типот А и еден од типот Б, Бино посочува дека 60 отсто од случаите се заболени од вирусот АХ1Н1.

Најпогодени се лицата од возрасната група од над 60 години или 56 отсто од пациентите, потоа од 45 до 59 години, па следат децата.

Што се однесува до коронавирусот, Министерството за здравство потврди дека досега нема заболени, но оти во рамки на превентивните мерки има карантин и потребна здравствена служба.

„Имаме карантински објект подготвен во случај на потреба“,изјави минстерката за здратсво Огерта Манастирлиу.

По појавата на коронавирусот во Албанија, повеќе од 100 лица прстигнале од Кина. Пет сомнителни случаи по тестирањето, се покажале негативни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...