Мизрахи: Ќе платам 5.000 евра, ама таблата не ја менувам!

2021

Министерката за труд и социјална политика во техничката влада, Рашела Мизрахи, и денешната прес-конференција ја одржа пред таблата на кое е испишано Република Македонија, а не – Република Северна Македонија.

Таа истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и да треба да плати казна од 5.000 евра.

– Немам намера да ставам табла со Република Северна Македонија – рече Мизрахи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...