Владата поништи решенија на министерката Мизрахи

749

Владата на вчерашната седница донесе одлука за поништување на решенијата донесени во периодот од 21 до 31 јануари од министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување, информира денеска владината прес-служба.

Министерката Мизрахи е на таа функција на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ како дел од техничката Влада што функционира од 3. месецов, а во пресрет на предвремените парламентарни избори предвидени за 12 април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...