Комисиската расправа за Законот за Јавно обвинителство треба да започне денеска во 10 часот, откако синоќа заврши пленарната седница на која се изгласа потребата Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители да се носат по скратена постапка.
Законите сега ќе бидат вратени на пленарна седница, каде што 80 пратеници ќе треба да дадат зелено светло за законските решенија кои во неделата вечерта Владата ги достави во Собранието. Претходно, тие поради технички грешки беа вратени во Владата и повторно беа доставени.