Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, за денеска ја закажа седницата на Комисијата. На комисиската расправа пратениците ќе дискутираат за Законот за јавното обвинителство и за Законот за изменување и дополнување на законот за Советот на јавни обвинители.
Синоќа околу 23 часот Собранието ја изгласа потребата двата закони да се носат по скратена постапка.