Министерката вели проблемот бил во Собранието, вие ќе треба да одговорите зошто се доцни со седницата, го прозва координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на новата собраниска седница за законите за јавното обвинителство и за советот на јавни обвинители, која почна со задоцнување од еден час.
– Предлозите се неделовнички и имате обрска да ги вратите двата предлози до влада, владата да ги помине на седница и да ги достави до Собранието и да закажете седница, во спротивно и вие ќе бидете соучесник. Нема одлука на влада ни за повлекување на материјалот ни за нов предлог. Џафери вие сте на потег – рече Мицевски во процедуралната забелешка.