Енрике третпат стана татко: Се породи Ана Курникова!

Убавата вест ја потврди братот на пејачот, Хулио Иглесијас, гостувајќи во една радио емисија.

904

Неодамна се појави веста дека поранешната руска тенисерка Ана Курникова и латино пејачот Енрике Иглесијас го чекаат своето трето дете, сега е соопштено дека убавата Ана веќе се породила.

Убавата вест ја потврди братот на пејачот, Хулио Иглесијас, гостувајќи во една радио емисија.

Водителот го прашал  дали е вистина дека третпат ќе стане чичко, на што Хулио одговорил: „Веќе станав“.

Хулио не сакал да го открие полот на бебето, истакнал само дека тоа засега е тајна.

Енрике Иглесијас и Ана Курникова добија близнаци, Луси и Николас во декември 2017 година, а раѓањето на двете деца ја изненади јавноста бидејќи никој не ни знаеше дека поранешната тенисерка е бремена.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...