Здравата исхрана подразбира секоја недела на вашето мени барем еден ден да се најде риба. Стручњааците препорачуваат неделно да изедеме околу 300 грама риба, но малкумина се придржуваат на овие препораки. Ако веќе ретко јадете риба, погрижете се да ја јадете онаа која има најдобро влијаение на вашето здравје.
Риба богата со омега 3 масни киселини
Омега-3 масните киселини имаат повеќекратно влијание на вашето срце, а ги наоѓаме во помрсната риба, чие месо изобилува со овие здрави маснотии. Само неколку порции од 120 грама од оваа риба неделно, може да го намали ризикот од срцеви болести за 36 отсто. Исто така, омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од мозочен удар и Алцхајмерова болест.
Таканаречената бела риба содржи помалку калории од помрсните видови риби, а истовремено е полна со протеини. На пример, рибите со ниско ниво на масти како бакалар, бранцин или ослич содржат помалку од 120 калории во порција со големина од 90 грама и притоа ви даваат многу протеини.
Доколку не сте љубител на риба, а саката својата исхрана да ја збогатите со повеќе морски плодови, бранцинот е одлична појдовна точка. Нивното месо има благ вкус и мирис и одлично одговараат со различни видови на маринада.