На фотошоп му го тргнале портокаловиот тен на Трамп: Вака изгледа уште полошо ФОТО

На Твитер се шири фотографија на која во фотошоп е отстранета портокаловата боја од лицето на Трамп.

1278
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Портокаловиот тен на американскиот претседател, Доналд Трамп, последните денови е топ тема на Твитер и илјадници луѓе се шегуваат на негова сметка.

Сега на Твитер се шири фотографија на која во фотошоп е отстранета портокаловата боја од лицето на Трамп. Ја уредила графичката дизајнерка Џен Левис, а ја споделиле повеќе од 17.000 корисници на Твитер.

„Мене вака ми изгледа уште полошо“, коментирал познатиот инфлуенсер Мани Муа.

Да потсетиме, Твитер пред неколку денови почна да се шегува со портокаловиот тен на Доналд Трамп, на фотографиите направени при неговото враќање од службениот пат од Северна Каролина во Белата куќа. Трамп во лицето е портокалов, а на рабовите се гледа преминот во неговата природна бледа боја на тенот.

Тој рекол дека фотографиите се всушност дело на фотошоп и дека се во прашање „лажни вести“.

 

FOTO: Tviter/Printskrin

ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...