Османи-Бучино: Очекувам наскоро Македонија да се приклучи во Јадранско – Јонскиот регион

111

Сега, откако Грција и официјално потврди дека нема да го спори нашиот влез, очекувам набрзо да се приклучиме на Италија и на останатите земји во Јадранско – Јонскиот макро регион, рече вицепремиерот Бујар Османи по средбата со Џузепе Бучино, генерален директор на Директоратот за Европската Унија при Министерството за надворешни работи на Италија, Џузепе Бучино.

Османи ја потенцирал важноста на меѓусебната соработка на земјите од Западниот Балкан, која и сега се одвива под засилено темпо низ останатите иницијативи како што е и Берлинскиот процес.

Вицепремиерот изразил благодарност за досегашната поддршка на Италија за евроатланската интеграција на Македонија и го поздрави ставот на Италија дека процесот на проширување на Европската Унија нема да биде завршен сѐ додека сите земји од Западен Балкан не се приклучат на големото европско семејство.

Османи се осврна и на позитивниот Извештај на ЕК за состојбите и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.

– Испорачавме реформи, онака како што предвидовме во Планот 3-6-9, создаваме политичка клима со која ги затвораме и отворените политички прашања, а имаме значително подобрување на односите со соседите. Нашата цел е јунскиот Совет на ЕУ да ја потврди препораката на Европската Комисија и Македонија да започне преговори – истакна Османи.

На средбата беше отворена и темата за билатералните односи, при што соговорниците констатираа дека меѓу Македонија и Италија нема отворени политички прашања, и дека тоа претставува потенција за унапредување на меѓусебната соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...