Хоакин Феникс го спомна починатиот брат и се расплака на Оскарите

994

Хоакин Феникс синоќа го освои Оскарот за најдобар актер за главната улога во филмот „Џокер“, а по врачувањето на статуетката, ја искористи можноста да одржи говор со еколошка порака.

Актерот упати апел за промените во областите на родовата еднаквост, како и за борбата против расизмот.

– Одиме во природа да ги ограбиме нејзините ресурси. Си даваме право вештачки да оплодиме крава и кога таа ќе се отели, ѝ го земаме нејзиното дете. Иако таа се раскинува од болка. А, потоа ѝ го земаме млекото што е наменето за телето, да го сипаме во нашето кафе или во житарките за појадок – рекол актерот и додал:

„Кога користиме љубов и сочувство како наши основни принципи, можеме да создадеме, развиваме и да имплементираме систем на промени што е корисен за сите суштества и околината.“

На крајот на говорот, актерот заплака, додека го завршуваше говорот, цитирајќи го својот починат брат, актерот Ривер Финикс. Тој ги рецитираше стиховите кои неговиот починат брат ги напишал на 17-годишна возраст:

„Спаси се со љубов, и мир ќе те следи.“

Постариот брат на Хоакин, Ривер Феникс, беше актер, музичар и активист на кој му предвидуваа блескава кариера. Многу млад, тој оствари истакнати улоги, вклучително и во „Stand by me“, „Running on empty“ и „My own private Idaho“. Роден е во 1970 година, а починал во 1993 година, поради последици од предозирање со кокаин.

Foto: Youtube Printscreen/Oğuz Karabıçak

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...