Ејуп Алими од ДУИ на суд за уништување на изборен материјал

160

Во Кривичен денеска ќе се одржи рочиште за случајот на СЈО „Титаник 3“, во кој обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Според обвинението, тие направиле списи што служат за изборите и гласањето – записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, а потоа додавале и одземале гласови за избор на градоначалник во општина Чаир во првиот изборен круг, во март 2013 година.

Гури како службено лице во врска со изборите и гласањето и Алими заедно со други сведоци преправиле над 30 записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето од повеќе избирачки места.

Алими не дојде на првото судење за предметот „Титаник 3“. Образложението тогаш беше дека тој отпатувал на службен пат во Тирана, за кој дознал ден-два пред почетокот на судењето.

Претходно, откако судот го прифати обвинението, Алими рече дека ќе соработува со Специјалното јавно обвинителство за се што тие ќе побараат од него.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...