Повредените во железничката несреќа надвор од животна опасност

Портпаролот на Општата болница во Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека жената се здобила со фрактура на лицето и оти по укажаната медицинска помош е препратена во Скопје, а двајца од повредените мажи се здобиле со фрактури, додека еден има полесни повреди.

178

Четворицата повредени во железничката несреќа кај Ногаевци се надвор од животна опасност. Тројца се мажи и тие се задржани во Велешката болница, а една е жена на возраст од 50 години која поради здобиените повреди на лицето е пренесена на понатамошно лекување во Скопје.

Портпаролот на Општата болница во Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека жената се здобила со фрактура на лицето и оти по укажаната медицинска помош е препратена во Скопје, а двајца од повредените мажи се здобиле со фрактури, додека еден има полесни повреди.

Еден од двајцата потешко повредени има исчашување на колкот и фрактура на чашката на колкот, а вториот има фрактура на ребра.

Во несреќата загина 24-годишно момче.

Несреќата се случи денеска околу пладне меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, и возило „форд галакси“ со велешки таблички кај село Ногаевци на обележан премин со исправна светлосна и звучна сигнализација.

Според првичните информации, повредените биле пациенти на дијализа кои требало да бидат однесени во болница.

Од велешката Железничка станица за МИА изјавија дека железничкиот сообраќај е пуштен за сообраќај по направениот увид од страна на полицијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...