Лекари од Клинички центар денеска ќе пресечат дали Боки 13 може да го следи „Рекет“

1450

Во Кривичниот суд денеска на рочиште за предметот „Рекет“ се очекува да биде соопштено конзилијарното мислење за здравствената состојба на прообвинетиот Бојан Јовановски кое вчера го најави судијката Васка Николовска Масевска, откако лекар во истражниот затвор „Скопје“ каде Боки ја издржува мерката притвор констатирал дека тој не може да ги следи судските рочишта.

– Судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар за да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба – рече вчера судијката Николовска Масевска.

Судијката извести дека затворскиот лекар навел дека Јовановски се пожалил на болки во стомакот и имал гадење, но дека сепак ќе побара и конзилијарно мислење за неговата здравствена состојба.

Судењето за „Рекет“ судски процес во кој освен Јовановски е обвинета и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски Кичеец кој на почетокот на судскиот процес призна вина и е осуден на три години затвор, е во фаза на изведуање докази од страна на обвинителството.

На рочиштето во минатата недела обвинителката Ивана Трајчевска прикажа фактури според кои обвинетиот Јовановски и неговата мајка за три дена на шопинг во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра како и пораки што ги разменувал Боки 13 со Фросина Ременски, со сведокот Орце Камчев и наводно со Дејан, син на бизнисменот Панделевски.

Јовановски е обвинет за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...