Судијката ќе го прати Боки на конзилијарен преглед

708

Притвореното лице не е во состојба да го следи судењето, препорачал затворскиот лекар кој утрово го прегледал обвинетиот Бојан Јовановски Боки 13-ка, информира судијката во предметот „Рекет“ Васка Николовска Масевска, која ја одложи главната расправа за утре во 10 часот.

За да спречи какви било злоупотреби со здравствената состојба на Јовановски судијката рече дека во текот на денот ќе организира конзилијарен преглед за него.

Судијката рече дека затворскиот лекар во известувањето навел дека Јовановски се пожалил на болки во стомакот и имал гадење.

На денешното рочиште требаше да продолжи изведувањето докази од страна на обвинителството, но судењето се одложи за утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...