Боки 13 доцни половина час, судењето не може да започне

581

Доцни судењето за случајот „Рекет“ затоа што во судницата во Кривичниот суд сè уште не е спроведен првообвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката информираше дека од затворот била известена оти утрово лекар го прегледувал Јовановски и дека се чека дополнително да ја информираат дали воопшто ќе биде денеска донесен во судница.

Во моментов таму присутни се второосомничената Катица Јанева и нејзините бранители, тука е и адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Во судницата е и обвинителката Вилма Русковска која денеска треба да продолжи со изведување докази против обвинетите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...