Катица Јанева пристигна во Кривичниот суд ФОТО

797

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец е обвинета во случајот „Рекет“, утринава пристигна во Кривичниот суд каде што се очекува обвинителката Вилма Русковска да ги презентира новите докази.

На претходното рочиште беа презентирани фактури според кои обвинетиот Јовановски и неговата мајка за три дена на шопинг во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра како и пораки што ги разменувал Боки 13 со Фросина Ременски, со сведокот Орце Камчев и наводно со Дејан, син на бизнисменот Панделевски.

Во судницата претходно беа прикажани и фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и во Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард диска, десет УСБ-а, фактури и белешки. Биле одземени кожна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...