Славниот водител по 27 години брак призна дека е геј ВИДЕО

Тој рекол дека сите околу него биле свесни дека ќе дојде моментот кога тој отворено ќе го каже тоа.

1387

Омилениот британски телевизиски водител Филип Скофилд (57), изненади многумина со објавата во која отворено се прогласи за геј, иако последните 27 години ги поминал во брак со сопругата Стефани Хант.

Тој е водител на најпопуларната британска емисија „This Morning“ веќе 18 години.

– Со поддршка на моето семејство и големата сила што ми ја дадоа, го сфатив и прифатив фактот дека сум геј и решив да го споделам со вас – рече водителот.
Тој ја запознал својата сопруга во 80-тите години на Би-би-си, каде што двајцата работеле во тоа време, а во бракот добиле две ќерки, Моли (27) и Руби (24). Скофилд ја темпираше својата објавува за јавноста, пред годишнината од тој брак, пренесува порталот „24сата.хр“.

За неговиот храбар настап во јавноста, британскиот презентер доби поддршка од колегите и јавноста, вклучително и неговата долгогодишна ТВ- партнерка Холи Вилоги (38).

Тој рекол дека сите околу него биле свесни дека ќе дојде моментот кога тој отворено ќе го каже тоа.

– Тешко е затоа што тоа не се случи преку ноќ, се борев со тоа во главата извесно време. Јас и Стефани сега бевме навистина искрени еден кон друг. Таа е извонредна, никој не ме поддржуваше толку многу во животот. Толку многу, фактот што бев геј ми го презеде умот и секој пат кога седев до некој што имаше иста сексуалност, но веќе го признал тоа на сите, мислев дека е храбар и морав да го сторам тоа што е можно побрзо. Сè што можете да бидете во животот е да бидете искрени кон себе, а јас знаев дека не сум. Не си се допаѓав самиот себеси – раскажал Скофилд.

FOTO: Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...