Интер со пресврт го прегази Милан

194
ФОТО: EPA / ROBERTO BREGANI

И покрај тоа што Милан на полувреме водеше со 2:0 со головите на Ибрахимовиќ и на Ребиќ, сепак, во второто полувреме Интер покажа кој е кој.

Само две минути им беа потребни на „нероаѕурите“ да го изедначат резултатот со головите на Брозовиќ и на Весино, а одбранбениот бек Де Фрај, пак, во 70 минута му донесе водство на својот тим со прекрасен гол со глава.

Јаготката на шлагот ја стави одличниот Румелу Лукаку во 93 минута за конечни 4:2.

ФОТО: EPA / ROBERTO BREGANI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...