Македонија е 90-та во светот според подготвеноста да одговори на епидемија

213

Северна Македонија е рангирана на 90-то место од 195 држави во светот според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии.

Од земјите во регионот Хрватска е на 38. место, Албанија – 39, Србија-41, Бугарија – 61, Црна Гора – 68 и БиХ на 79. место.

Најподготвени здравствени системи за справување со епидемии и пандемии имаат САД, Канада, Австралија, Тајланд, Франција, Велика Британија, Шведска, Финска, Данска, Швајцарија, Холандија и Словенија, пренесува БГНЕС.

Најлоши здравствени системи имаат Јемен, Северна Кореја, Сирија, Сомалија и Екваторијална Гвинеја.

Глобалниот индекс на здравствена сигурност се изготвува врз основа на шест критериуми: превенција, рана детекција и известување, брз одговор, здравствен систем, усогласеност со меѓународните норми и ризичното опкружување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...