За да стигниме до успехот прво треба да го дефинираме истиот. Шо е успех? Општеството прифати, преќутно, дека успех се повеќе фактори како шо се пари, влијание, моќ, слава. Самите номинации за Оскар се успех, ако се случи се веќе историски настани. Во центарот на сѐ ова, барем кај нас е Атиџе.
Дали Атиџе е успешна? По многу критериуми што ни се општествено наметнати, да. Ќе се дружи со светски ѕвезди, ќе биде на црвен тепих, многу очи се вперени во неа. Автоматски се наметнува прашањето дали Атиџе пред „Медена земја”, кога чуваше пчели во село за кое немавме слушнато, беше неуспешна? Веројатно не.
Само човек може сам да одреди дали се чувствува успешно или не. Луѓе кои го смениле светот сметале дека го промашиле животот, други се сметаат успешни со многу малку.
Во секој случај, поголем успех од мир во душата тешко дека има. Покрај сите други успеси, се надевам дека Атиџе го сочува мирот и кроткоста.
(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)