Федерер: Надал ми кажа дека плачел од радост кога го освоив „Ролан Гарос“ во 2009

391
ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Третиот светски рекет, Роџер Федерер, по добротворниот натпревар во Јужна Африка, во кој го победи Рафаел Надал, зборуваше за неговата врска со Шпанецот.

– Можеме да бидеме пријатели и ривали. Денес тој ми рече дека плачел кога ја освоив „Ролан Гарос“ во 2009 година. Тој бил толку среќен за мене – изјави Федерер.

Швајцарецот додаде дека Надал игра и го популаризира тенисот извонредно.

– Има голем придонес за популаризација на овој спорт. Надал има многу обожаватели и ја заслужува оваа слава – потенцира Федерер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...