Заврши првиот круг од преговорите меѓу Мун и Ким – Ким ја прифати поканата да ја посети Јужна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин и севернокроејскиот лидер Ким Џонг-ун час и половина разговараа.

797

Лидерите на Јужна и Северна Кореја го завршија првиот круг од преговори во пограничното село Панмунџон во демилитаризираната зона.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин и севернокроејскиот лидер Ким Џонг-ун час и половина разговараа.

По првиот круг разговори Ким се врати во севернокорејскиот дел на Панмунџон со црн автомобил. Лидерите подоцна ќе учествуваат на церемонија на засадување бор што е симболизира мир на Корејскиот Полуостров.

Мун и Ким ќе ги продолжат разговорите во четири очи, пред да се вратат на масата за преговори.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја прифатил поканата на претседталот на Јужна Кореја, Мун Џаен-ин да го посети Сеул во кое било време, изјави портпаролот на јужнокорејскиот претседател.

– Фокус на овој самит ќе биде денуклеаризација и обезбедување траен мир отколку на друго. Мислам дека Севрна Кореја испраќа свои најважни воени претставници на самитот бидејќи и тие сметаат дека денклеаризацијата и мирот се важни, шефот на кабинет на Мун.

Севернокрејските медиуми јавија дека Ким Џонг-ун долпатувал на состанокот со Мун со „отворено срце“ за прашња на мирот, просперитетот и повторно обединување.

– Ким со отворено сцрце ќе разговара со Мун за прашања важни за подобруавње на односите меѓу двете Кореи и постигнуавње мир, напредок и повторно обединување на Корејскиот Полусотров, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ким на состанокот е со девет официјални лица меѓу кои и сестртата Ким Јо Џонг како и формалниот шеф на државата Ким Џонг Нам.

Делегацијата на Јужна Корја е со седум претставници меѓу кои министрите за надворешни работи, одбрана и обединување.

По завршуавњето на преговорите двајцата лидери се повлекоа да потпишат договор и издадат заедничка декларација за денуклеаризација и мир како и за подобруавње на билатералните односи.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...