Маж на возраст од 46 години, утрово додека било качен на цистерна која стоела на железничката станица Илинден, се запалил од струен удар. Трагедијата била пријавена во СВР Скопје утрово во 08.40 часот.
Од МВР потврдуваат дека мажот починал, а е утврдено дека се работи за М.Б (46) од Скопје.
На местото на настанот излегле екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и на Итната медицинска помош.