Касами не ја губи надежта за трипартиска коалиција

476

По завршувањето на состанокот на партиското претседателство на Движењето Беса, вечерва во Тетово, лидерот Билал Касами истакна дека сè уште е можна трипартиска коалиција помеѓу Беса, Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Тој во изјава за Алсат-М рекол дека неговата партија е подготвена за преговори.

– На ова прашање треба да одговори другата страна, оти тие презедоа еден погрешен чекор. Ние како Движење Беса не сме преземале таков чекор. Ние продолжуваме со нашите опозициски чекори, но нормално е да не постапуваме спротивно на тоа што е барање од опозицискиот гласач. Ние сме спремни, како што докажавме, да се надминеме себеси и во овој случај. Ние сме спремни и понатаму да седнеме за да разговараме за една евентуална предизборна соработка. Но од овој момент ние како движење БЕСА, приоритет ќе имаме на нашето организирање, платформа и изградба на една опција која ќе биде победничка на следните избори – изјавил Касами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...