Германскиот шампион Баерн Минхен постојано се поврзува со звучни засилувања, а изинатиот период имаше шпекулации дека во блиска иднина може да го ангажира и Кристијано Роналдо, кој во моментов игра за Јувентус.
Но, новиот клупски претседател Херберт Хајнер изјавил дека не постои можност Португалецот да се пресели во Минхен.
– Многу имиња се поврзуваат со нас во медиумите и тоа е разбирливо. Но, што се однесува до Роналдо, тој трансфер е нереален бидејќи тој е премногу стар за нас – изјавил Хајнер.
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO