Ранг листа на „Лекип“: Меси најплатен светски фудбалер

197

Аргентинецот Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот, според ранг листата што ја состави француски „Лекип“. Месечната бруто плата на капитенот на Барселона е 8,3 милиони евра за разлика од Кристијано Роналдо кој во Јувентус заработува 4,5 милиони евра. Трет е Бразилецот Нејмар чии три милиони евра во ПСЖ, го прават најплатен играч во Франција.

По нив е напаѓачкиот двоец на Барселона, Антоан Гризман и Луис Суарез кои на „Камп Ноу“ имаат плата од приближно три милиони евра.

Во топ 10 има и двајца членови на Реал Мадрид – Герет Бејл и Еден Азар кои се платени по 2,5 милиони евра месечно, потоа Фелипе Кутињо (Барса го позајми на Баерн М., и Алексис Санчез од Манчестер кои заработуваат по, отприлика, 2,3 милиони евра. На последното место на листата на десет најлатени фудбалери во светот е француски репрезентативец, Килијан Мбапе со месечна плата од околу два милиона евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...