Нема потреба од тензии во Собранието пред избори, изјави собранискиот спикер Талат Џафери за тоа дали Законот за обвинителство ќе биде ставен на седница пред распуштањето на парламентот в среда и дали ќе се стигне со него.
Тој вели дека нема намера да прави театар и да отвара седница без усогласен закон, а исто така потврди дека ќе се одржи седница на 12 февруари кога треба да се распушти парламентот.
Премиерот Оливер Спасовски пак, побара опозциската ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна, бидејќи, како што рече, законот е национелен интерес кој ќе помогне во евроинтеграциите.