Безживотно тело пронајдено кај Канео во водите на Охридското Езеро

605

Беживотно тело на возрасно машко лице попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, во близина на месноста Канео во Стариот дел на градот.

Случаен минувач го забележал телото по што ги информирал службите, кои само ја констатирале смртта. Полициската истрага ќе ги утврдува идентитетот на лицето, како и околностите и причината за настапувањето на смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...