Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги прифатливи за приватните национални телевизии

153

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.

Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат да бидат усвоени од страна на македонското собрание, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...