Костадинов: Го осудуваме антисемитизмот, Тричковски нема никаква поврзаност со СДСМ ВИДЕО

125

Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот, вели Коста Костадинов, портпарол на СДСМ на новинарско прашање „дали ќе преземе нешто партијата во врска со статусот на Тричковски за Мизрахи“.

– Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија. Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви – одговори Костадинов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...