Научниците генетски го сменија имунолошкиот систем на тројца заболени од рак

Лекувањето со Т-клетките што ги користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на ракот претставува пресврт во последната деценија. Но, голем број пациенти не реагираат на таа технологија, изјави шефот на истражувачкиот тим Едвард Стадрмауер.

535

Американските научници првпат успеаја, без да предизвикаат нуспојава, генетски да го изменат имунолошкиот систем на тројца пациенти заболени од рак со помош ЦРИСПР, нова алатка што воведува револуција во биомедицински истражувања.

Резултатите од првата фаза на клиничкото истражување објавени се во списанието „Сајанс“ (Science). Тоа е нов чекор, што не докажува дека ЦРИСПР (низите ДНК) можат да се користат во борбата против ракот.

Во меѓувреме еден од пациентите почина, а кај двајца е влошена здравствената состојба, но истражувањето покажа дека техниката не е штетна.

Научниците од Универзитетот Пенсилванија ги издвоија Т-клетките од крвта на пациентите и со помош на ЦРИСПР го отстранија генот од клетките што би можел да му попречи на способноста на имунолошкиот систем кој се бори против ракот. Потоа со помош на вирус ги вооружија Т-клетките за напад на белковините вообичаени за клетките на ракот (познати како NY-ESO-1) и потоа клетките ги вратија во пациентот. Но, досега не постигнаа големи клинички резултати.

– Лекувањето со Т-клетките што ги користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на ракот претставува пресврт во последната деценија. Но, голем број пациенти не реагираат на таа технологија, изјави шефот на истражувачкиот тим Едвард Стадрмауер.

Тој додаде дека важноста на студијата е што успешно е спроведен многу комплицирана постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...