Советот на општина Центар со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план. Времетраењето на мораториумот е два месеци. Разгледувањето на овие ДУП-ови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација.
„Она што е основна заложба на градоначалникот Саша Богданиќ и на општинското раководство е на жителите да им се овозможат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, услови за паркирање и безбедност на пешаците, заштита и унапредување на животната средина и ново и квалитетно осветлување“, соопшти општина Центар.
Од таму наведуваат дека планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид.