Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи. Апелираме на високо ниво на одговорност во јавните комуникации, се вели во реакцијата на социјалдемократите на статусот на Фејсбук на новинарот Бранко Тричковски.
Тричковски на Фејсбук напиша статус кој се однесуваше на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“.
Антисемитскиот статус на Тричковски и неговите слични ексцеси ги осудија и Македонската асоцијација на новинари, како и многу луѓе на социјалните мрежи.