Распишана меѓународна потерница по Красниќи и Рамадани

504

За осудениците Агим Красниќи и Сехат Рамадани Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница откако двајцата членови на познатата Кондовска група по викенд отсуството не се вратија во затворот во Штип.

Красниќи и Рамадани беа дел од рупата од Кондово која пред 15 години се закануваше дека ќе го нападне Скопје. Двајцата на јавноста и се познати по повеќе извршени кривични дела, злосторничко здружување, кидинапирање и рекет.

Красниќи има за доиздржување уште три години и три месеци од казната затвор, додека Рамадани уште осум години и седум месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...