Бројот на патници заразени од коронавирус кои се наоѓаат на крузерот закотвен во Јапонија се зголеми на 61. Стотици патници се затворени во своите кабини, а тестирањето продолжува.
– Последните тестови направени кај 273 лица кои покажувале симптоми или биле во близок контакт со лица кои имале симптоми на вирусот покажуваат дека 61 лице е заразено, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Доколку се појават симптоми и кај други лица, ќе се направат нови тестови.
Пациентите ќе бидат префрлени во болниците во Токио и во соседните градови.
Крузерот „Дајмонд Принцес“ со околу 3.700 патници е закотвен во јапонското пристаниште Јокохома и е во двонеделен карантин откако е откриено дека има заразени патници со коронавирус, соопштија здравствените власти во Јапонија.