Маж и жена вдомиле куче, па истата вечер го претепале, испекле и изеле

Го убиле кучето со метална шипка, а првично го негирале злосторството во полицијата.

1306

Руската полиција покрена истрага против сопружниците, осомничени дека вдомиле куче од засолниште за незгрижени животни, а потоа го претепале невиното суштество до смрт, го испекле и го изеле.

На прв впечаток, сосема пристојниот и обичен брачен пар ги убедил вработените во засолништето за животни дека се вљубиле во кучето Ника па го одвеле во својот дом на Сахалин, остров на рускиот далечен исток. Според руските медиуми , брачниот пар рекол дека ќе ја негува и чува Ника.

Меѓутоа, ужасната судбина на Ника била откриена кога една од волонтерките од засолништето го посетила домот на вдомителите за да ја провери состојбата на кучето.

– Штом пристигнав, почувствував мирис на пржено месо. Тогаш видов делови од влакна од куче и делови од телото на кучето на тремот. Остатокот беше на нивниот шпорет – раскажала волонтерката Екатерина Ваљус.

Жената што го вдомила кучето, идентификувана само како Галина, првично го негирала страотното злосторство, но подоцна признала сѐ во полиција. Таа го убила кучето со метална шипка.

Директорката на засолништето за напуштени кучиња, Ирина Савитскаја побарала затворска казна за двајцата мачители.

– Кога Галина и нејзиниот сопруг дојдоа во засолништето, Ника потрча кон нив и се чинеше дека се вљубија во него. Ми ги дадоа нивните податоци од пасошот, склучија договор со нас, го зедоа кучето, кое го изеле уште истата вечер – рекла Савитскаја.

Таа додала и дека суровата жена ѝ рекла дека сигурно нема да оди во затвор поради кучето.

Полицијата пронашла садови со парчиња од кучето во куќата на брачната двојка.

ФОТО: Профимедиа/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...