Не е коронавирус, „Златна Бубамара“ на 27 февруари: „Нема правда, нема пара, ама има Бубамара“

Вака од штабот на оваа најпопуларна манифестација го најавуваат новото, 23. издание на манифестацијата.

2169

„Нема правда, има Бубамара“ ќе биде мотото на 23. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 27 февруари во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вака од штабот на оваа најпопуларна манифестација го најавуваат новото, 23. издание на манифестацијата.

„Драги наши преживеани  граѓани  и доживотни политичари, нема правда, има Бубамара!

Имаме милион и пол  причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски ѕвезди. Нашиот бројчаник врти напред, а кај некои други одзади.

Дојдете со вашите чанти, раситнете ја стотката и сѐ ќе биде ОК!

Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво.

Рочиштето е закажано во четврток 27 февруари во Арена „Борис Трајковски“.

Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела, преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.

 

НЕМА ПРАВДА, ИМА БУБАМАРА – 23. „ЗЛАТНА БУБАМАРА“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 27 ФЕВРУАРИ

ФОТО: Радио Бубамара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...