Заев пред Влада ќе му приреди официјален пречек на Туск

429

Тет-а-тет средба ќе остварат утре премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во земјава, како специјален гостин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.

Во 10 часот на платото пред Владата ќе биде организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ предводена од Туск.

По тет-а-тет средба, како што информира владината прес-служба, ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата и на Европскиот совет.

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...