СКАНДАЛ ВО БЕЛГРАД: Дачиќ вербално го нападнал Вархеји – еврокомесарот ја напуштил просторијата

4589
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вербално го нападнал еврокомесарот Оливер Вархеји на состанокот на кој присуствувала српската премиерка Ана Брнабиќ, како и министерката за ЕУ, Јадранка Јоксимовиќ, и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, пишува српски „Блиц“.

Како што наведува медиумот, Вархеји бил видно вознемирен и предвреме го напуштил состанокот.

Според извори на „Блиц“, говорот на Дачиќ бил многу непријатен, бидејќи министерот го обвинил еврокомесарот поради тоа што молчел за присвојувањето на српските манастири на Косово, како и за таксите што ги воведе Приштина на српските производи.

– Единствено јас реагирав на таксите и го осудив сето тоа што се случува во Црна Гора, а Србија е првата земја во која дојдов по воведувањето на новата методологија. Овде сум за да ви помогнам – рекол Вархеји и ја напуштил просторијата.

ФОТО: EPA / ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...