Исплива нова шокантна снимка: Амбер го тепала Џони, а потоа го исмејувала! ВИДЕО

Амбер му рекла на Деп дека никој нема да поверува дека го тепала „жена од 50 килограми“. 

1679

Откако исплива аудио снимката на која актерката Амбер Херд (33) признава дека физички го напаѓала поранешниот сопруг Џони Деп (56), „Дејли мејл“ објави снимка на која актерката му се потсмева на актерот.

Амбер му рекла на Деп дека никој нема да поверува дека го тепала „жена од 50 килограми“.

– Кажи му на целиот свет, Џони, кажи им? Јас, Џони Деп, маж, сум жртва на семејно насилство. Па види колку луѓе ќе ти поверуваат и ќе застанат на твоја страна. Ти си поголем и посилен од мене, јас сум жена од 50 килограми. Ќе станеш во судницата и ќе кажеш: „Таа започна“. Навистина? Поротата и судијата ќе не погледнат двајцата и ќе видат дека помаѓу нас постои огромна разлика – со потсмев му рекла Амбер.

Британскиот „Дејли мејл“ дошол во посед на спомнатата аудио снимка, која настанала во 2015 година. Снимката во траење од 2 часа ја снимила Амбер, но не е познато како таа протекла во медиумите.

– Те треснував, не те удирав, те треснував. Не знам какви движења имав, но добро си, не те повредив – рекла Амбер во снимката објавена пред неколку дена.

„Синоќа заминав, бидејќи не можев да го поднесам фактот дека физички се злоставуваме и дека тоа ќе продолжи уште повеќе. Тоа ќе заврши лошо и ти реков веќе еднаш, душо, смртно се плашам, бидејќи ние моментално сме место на злосторство“, ѝ рекол актерот во снимката која се појави претходно во медиумите.

Парот се разведе во 2016 година, а Амбер прифати спогодба од 7 милиони долари во замена за „тишина“ за односот. Сепак, неколку месеци подоцна таа јавно се нарече жртва на насилство. Џони ја тужеше поради клевета, барајќи 50 милиони долари отштета.

Деп тврдел дека Амбер лаже и дека модринките сама си ги цртала, а во негова одбрана застанаа и неговите поранешни партнерки Ванеса Паради и Винона Рајдер.

Аудио снимката можете да ја слушнете тука.

ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...