Силниот ветер и наносите од снег го прекинуваат сообраќајот на патот Прилеп – Кавадарци

220

На патниот правец Прилеп – Кавадарци, после планинскиот премин Плетвар, од село Беловодица до село Тројаци, во должина од четири километри сообраќајот се одвива со повремени прекини поради силен ветер и поголеми наноси на снег на коловозот.

Како што информираат од АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...