Во Кривичниот суд денеска беше прочитана СМС порака која наводно Дејан Панделевски, син на бизнисменот Цветан Панделевски, му ја пратил на Бојан Јовановски Боки 13-ка, а во која пишува „Стигна решението, 500 сега“.
На ова Јовановски враќа „Фала, ај види уште другите“.
Потоа обвинителката прочита уште една порака во која Панделевски му пишува на Боки „Другар сега 500, ме блокира Царина, не можам повеќе“.
Оваа порака како што рече обвинителката била испратена до Јовановски од контакт запишан во телефонот на Боки како Дејан Пелистерка.