Обвинение за скопјанецот кој ја претепал партнерката и на тригодишното дете му ги горел рацете на шпорет

504

Скопското обвинителство по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против скопјанец за тешка телесна повреда на жена и за запуштање и малтретирање на дете.

– Обвинетиот на 7 јануари, во својот дом во Шуто Оризари, при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно повредил една оштетена со која живеел во вонбрачна заедница. Тој најпрвин почнал вербално да ја навредува и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето. Продолжил да ја удира по главата и телото и со тврди предмети – парче дрво и железна шипка, а потоа насилно ја турнал на подот и ја удирал со клоци во стомакот. На тој начин обвинетиот и нанел тешки телесни повреди на оштетената, изразени во вид на набиеници, скршеници и крвни подливи. Додека оштетената се обидувала да повика помош, обвинетиот се доближил до нејзината малолетна ќерка на возраст од три години, па грубо запоставувајќи ја својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја малтретира и да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство, околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори делото и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...