Ременски му пратила СМС на Боки: Камчев ќе биде ослободен од притвор

3803

„Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучува за притвор на Камчев“, му напишала Фросина Ременски на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски во СМС порака испратена на 24 декември 2018, која беше прочитана денеска во судницата.

На тоа Боки ѝ одговара со „Не“, а Ременски враќа со друга порака „Дај боже“, по што ги набројува судиите со имиња кои ќе одлучуваат за притворот на Камчев.

СМС комуникацијата меѓу Ременски и Боки понатаму продолжува со друга порака во која таа го информира дека пратеникот Антонио Милошоски во Собранието поставил прашање за Коки, а дека З.З. одговарал и може да го гледа на МТВ 3.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...