К-15 нема да има за административците по рамковен кои земаат плата, а не работат

Се разбира ќе важи само за оние кои  ќе прифатат прераспределување. И ова го решаваме со новото министерство, но веќе по изборите ќе мора да се реши овој проблем, изјави министерот Дамјан Манчевски.

1869

Административците кои беа вработени според рамковниот договор, а не се распределени, односно не одат на работа, а земаат плата, нема да добијат К-15. Ова го најави денеска министерот за информатичко општество и администација Дамјан Манчевски по денешното потпишување на Колективниот договор за јавна администрација.

– Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени колку тоа да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот, овие луѓе да не земат К-15 . Се разбира ќе важи само за оние кои  ќе прифатат прераспределување. И ова го решаваме со новото министерство , но веќе по изборите ќе мора да се реши овој проблем – рече Манчевски.

Тој објасни дека административците ќе добијат по 9000 денари како годишен регрес, а парите за оваа намена, односно 155.457.000 денари, се предвидени во Буџетот, а дополнителни средства може да се обезбедат и со ребалансот на Буџетот.

Административците ќе го добијат регресот согласно законската обврска за негова исплата до крајот на годината.

Во административците кои годинава ќе добијат К-15 не се вработените во образование, здравство и социјала оти кај, нив, како што рече, Манчевски,не се потпишани колективни договори, но во овие дејности се  зголемени платите.

– Овие дејности ги застапуваат другите синдикатит. Со СОНК ние не можеме ние да преговараме. За да ги добијат и тие ваквите права треба да биде потпишан општиот колективен договор. Но овие права ќе ги добијат и членовите на другите синдикати и тие што не се во синдикат – рече Манчевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...