Драматично и во Србија – еден смрзнат, евакуирани луѓе од 70 возила, меѓу кои и бремена жена и бебе

Зимската служба, полицијата и пожарникарите цела ноќ водеа надчовечка борба за да ги спасат сите завеани, а големата акција на Пештерската висорамнина продолжи и утрово. Штотуку е прогласена вонредна состојба во општините Сјеница и Црна Трава, а заменик-градоначалникот на Сјеница, Војо Трмчиќ изјави дека поради големите снежни врнежи, автопатот Нови Пазар – Сјеница е сè уште непрооден.

1813
Photo: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Поради силниот ветер и големи снежни наноси во Србија, затворени се магистралните патишта Нови Пазар-Сјеница и Сјеница-Ивањица.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, билансот на драматичната ноќ во Србија е дека се евакуирани луѓе од 70 возила, меѓу кои и бремена жена и бебе старо 15 дена, како и 5 деца, а евидентиран е и првиот смртен случај поради смрзнување.

Зимската служба, полицијата и пожарникарите цела ноќ водеа надчовечка борба за да ги спасат сите завеани, а големата акција на Пештерската висорамнина продолжи и утрово.

Штотуку е прогласена вонредна состојба во општините Сјеница и Црна Трава, а заменик-градоначалникот на Сјеница, Војо Трмчиќ изјави дека поради големите снежни врнежи, автопатот Нови Пазар – Сјеница е сè уште непрооден.

Шефот на редовно одржување на „Нови Пазар-Пат“, Сенад Ибраговиќ, изјави дека безживотното тело на мажот е пронајдено синоќа околу 03 часот во завеано возило на патот во реонот на селото Сушица кај Сјеница. 66-годишниот маж се враќал од доктор, а кога возачот заминал да побара помош, бидејќи биле завеани, несреќниот човек останал во автомобилот, каде што починал од последиците на смрзнувањето. Автомобилот не можел да го напушти заради здравствена состојба, а кога пријателот се вратил со лекарите, тие само можеле да констатираат смрт.

Ибраговиќ кажа дека заради снежните невреме, силниот ветер и постојаните врнежи од снег на патиштата, ситуацијата во Сјеница сè уште е алармантна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...