Шведската полиција соопшти дека се украдени две воени возила, тешки речиси седум тони, од воен магацин во близина на Стокхолм.
Во возилата високи 2,8 метри и долги 5,32 метра немало оружје, муниција или експлозив.
Се претпоставува дека кражбата на тенковите од базата Енкопинг, 70 километри од шведскиот главен град, се случила ноќта меѓу вторникот и средата.